X
 16.09.2023 Економија

Како една компанија спаси цела држава од рецесија?

На почетокот од септември една компанија накратко го зазеде првото место како највредна во Европа. Данскиот фармацевтски гигант „Ново нордиск“ стана најголемата европска компанија по пазарна вредност благодарение на зголемената побарувачка за нејзиниот лек за слабеење „вегови“ (Wegovy).

Она што е особено интересно е дека моменталната пазарна вредност на компанијата е 340 милијарди фунти и сега го надминува целокупното економско производство на Данска, проценето на 323 милијарди фунти оваа година. Покрај тоа, зголемувањето на продажбата на лекот во странство ја зголеми вредноста на данската круна, принудувајќи ја централната банка на земјата да ги задржи каматните стапки пониски од вообичаено.

Благодарение на оваа компанија, Данска барем на хартија го избегна економскиот пад што го доживеаја нејзините соседи Германија и Шведска. Сега технички државата би била во рецесија бидејќи остатокот од индустријата во земјата е во пад, велат економистите. Без придонесот на фармацевтскиот сектор, данската индустрија би паднала за 15% во текот на изминатата година.

Поради тоа, компанијата и нејзиниот лек се тема на разговор во медиумите и помеѓу жителите. Има и зголемување на бројот на вработени бидејќи компанијата го зголемува своето производство и отвора нови фабрики.

„Ново нордиск“ остварила продажба од 20 милијарди фунти минатата година, зголемување од 26 отсто во споредба со претходната година. Добивката пред оданочување била речиси 8 милијарди фунти.

Извор: Bonitet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија