X
 09.03.2022 Култура

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“ вечерва премиерно во НОБ

Балетската претстава „Госпоѓиците од Авињон“, која зборува за пет жени и нивниот живот, нивната потрага по љубовта, смртта и слободата, вечерва во 20 часот ќе ја има својата премиера на сцената на Национална опера и балет (НОБ). Текстот на претставата е на драматургот Сашо Димоски и е инспириран од истоимената слика на уметникот Пабло Пикасо.  

Музиката во претставата е на Калиопи Букле, за кореографија и режија задолжена е Олга Панго. Либрето и драматургија се на Сашо Димоски, а асистенти на кореографот се Горан Божинов и Саша Евтимова. Костимограф е Раде Василев, а на мултимедија и дизајн работеше Емил Петров, дизајн на светло - Милчо Александров, а дизајн на шминкa - Златица Поповска.

Во главните улоги играат Александра Мијалкова, Мими Поп-Алексова Атанасовска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Христина Наќевска, Мирослав Митрашиновиќ, Балаж Лашеи од Унгарија, Агим Бафтии и Ендру Кук од Англија. 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура