X
 09.03.2024 Живот

Ако ги поседувате овие особини, веројатно сте пораснале читајќи многу книги

Дали како дете сте читале книги?

Погодете што? Токму читањето книги ве направи она што сте денес. Навистина, читањето овозможува одлични квалитети кои луѓето што не читаат не ги поседуваат.

1. Имате голем речник

Ако сте некој што има збор за сè и не може да одолее на нагонот да го каже, голема е веројатноста дека добар дел од детството сте поминале во читање книги.

Кога една личност има голем речник, тоа е вообичаена особина што покажува дека таа личност многу читала. На крајот на краиштата, секоја нова книга што ја читате ве запознава со нови зборови. Со текот на времето овие зборови наоѓаат место во вашата меморија и постепено стануваат дел од вашиот секојдневен јазик.

2. Емпатични сте

Благодарение на различниот опсег на ликови и ситуации што сте ги сретнале во книгите, научени сте да ги гледате работите од многу различни гледишта.

Читањето за различни ликови, нивните искуства и емоции може да придонесе да ги разберете другите во реалниот живот. Во суштина, сте се поставиле на местото на многу ликови, сте ги доживеале нивните радости и таги и тоа ве направило поемпатични.

Значи, ако сметате дека сте личност која секогаш се обидува да ги разбере чувствата и перспективите на другите, тоа е веројатно затоа што вашето детство било исполнето со книги.

3. Сонувач сте

Местата што сте ги „посетиле“ додека сте читале! Од Хогвортс до Нарнија, книгите ве носат во безброј авантури разгорувајќи ја вашата имагинација. Честопати оние што читаат книги знаат да се исклучат и да му дозволат на умот да талка во имагинарни светови.

4. Секогаш сте љубопитни

Ако сте пораснале читајќи, вашата љубопитност нема граници. Секоја нова книга претставува плејада од нови информации, идеи и перспективи, а секоја од нив предизвикува нова љубопитност.

Секогаш поставувате прашања, сакате да копате подлабоко и да дознаете повеќе. Ова е причината што сте поотворени и пољубопитни од повеќето луѓе.

5. Добар набљудувач сте


Читањето е обрнување внимание на деталите. Ги следите ликовите низ нивните подеми и падови, забележувајќи ги нивните силни страни, нивните маани, нивните соништа и нивните стравови.

Сведоци сте на суптилните пресврти на заплетот и внимателно скриените индиции кои полека, но сигурно ја разоткриваат приказната. Оваа навика да се обрнува големо внимание на деталите во книгите често се пренесува и во реалниот живот.

Научивте да набљудувате и да внимавате на малите нешта затоа што, исто како и во книгите што ги сакате, знаете дека овие мали детали можат многу да значат. Во суштина, вашата љубов кон читањето не ве направи само добар набљудувач, туку и некој што многу се грижи за оние околу него.

citanje
Фото: Freepik

6. Имате добра меморија


Сеќавањето на сите ликови, нивното потекло, пресвртите и заплетот, па дури и најмалите детали, ја подобрува вашата меморија.

Оваа практика, со текот на времето, ќе ви помогне да развиете прилично остра меморија.

7. Трпеливоста е ваша силна страна


Читањето не е секогаш лесно. Има книги на кои им треба долго време за да дојдат до поентата, ликовите често пати го тестираат вашето трпение, а на некои заплети им се потребни години за да се развијат.

Но сепак, како дете сте останале со нив и трпеливо сте чекале да се развие приказната, да растат ликовите и да дојде кулминацијата. Овој однос со книгите ве научи на тешка вистина: за добрите работи е потребно време.

Освен тоа, научивте да бидете трпеливи. Научивте дека нема сè да добиете во моментот и дека е во ред да почекате.

8. Сакате да бидете сами

Луѓето што читале многу како деца уживаат во сопственото друштво. Тие се навикнати да поминуваат часови сами со книгата. Оваа удобност во сопственото друштво има тенденција да остане и кога ќе пораснат, но и да порасне.

Читањето не само што ја негува оваа удобност со осаменоста, туку и помага да се развијат овие позитивни особини.

9. Добро комуницирате

Кога читате книга, се запознавате со цел универзум на различни стилови на пишување и начини на изразување мисли и емоции. Тоа не само што ќе ја зголеми љубовта кон зборовите, туку и ќе го обликува начинот на кој комуницирате.

И не се работи само за користење големи зборови или создавање совршени реченици, туку ефикасно пренесување на она што го мислите и чувствувате, без разлика дали тоа е преку пишани зборови или вербална комуникација.

10. Обожавате да учите

Ако како дете сте читале, тогаш сигурно сте пораснале во личност која сака да учи. Книгите за вас се клуч за огромен, бесконечен свет на знаење. Секоја книга е нова авантура и нова лекција. И како што растевте, оваа љубов кон учењето не исчезна, туку се прошири надвор од книгите. Луѓето што читаат наоѓаат радост во учењето нови вештини, истражувањето непознати теми и разбирањето сложени концепти.

Извор: Ideapod.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот