X
 10.01.2020 Живот

Во 2018 година на секои 15 минути жените во Индија пријавувале силување

Индија е едно од најлошите места во светот за жените. Според извештајот на индиската влада, во 2018 година на секои 15 минути било пријавувано силување.

Според извештајот од министерството за внатрешни работи во Индија, жените во 2018 година пријавиле речиси 34.000 силувања, што е слична статистика во однос на минатите години. Повеќе од 85 отсто од сторителите беа обвинети, а само 27 проценти се осудени.

Истражувањата од 2016 година на Правната група за заштита и социјална еднаквост на жените во Њу Делхи (Partners for Law in Development) открија дека во просек се потребни 8,5 месеци да се реши случај со силување, што е четирипати повеќе од препорачаниот период.

И покрај промените во судските реформи, насилството не престана.

Случајот на групно силување во автобус во 2012 година ја шокира јавноста и ги натера жителите на Индија да протестираат на улиците за безбедноста на жените и промена на судските реформи во Индија. Дваесет и тригодишна девојката беше силувана во автобус од повеќе мажи, а по инцидентот беше хоспитализирана во Сингапур, но почина од здобиените повреди.

Силувањето на тинејџерка во 2017 година од поранешен пратеник на владејачката Индиска народна партија (БЈП) исто така привлече големо внимание во медиумите кога жртвата се обидела да се самоубие обвинувајќи ја полицијата дека не реагирала.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот