X
 10.02.2020 Живот

Нови 60 заразени со коронавирусот на крузерот „Дајмонд принцес“

Тестовите покажаа дека уште 60 луѓе на крузерот „Дајмонд принцес“, закотвен во Јокохама, се позитивни за коронавирусот, соопшти јапонското министерство за здравство.

Тоа значи дека бројот на лица заразени со коронавирус на бродот кој е претворен во карантин се зголеми на 130, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извор од јапонското министерство за здравство.

Прес-службата на министерството не соопшти такви информации.

Крузерот е во двонеделен карантин во пристаништето Јокохама, откако кај еден патник што се симнал од бродот во Хонг Конг му бил дијагностициран вирусот.

На бродот има околу 3.700 патници и членови на екипаж.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот