X
 10.04.2020 Економија

Авионските компании губат над 450.000 евра во минута поради пандемијата

Британскиот „Индепендент“ направи анализа на податоци од Меѓународното здружение за воздушен превоз и откри дека авионските агенции губат по 400.000 фунти (456.000 евра) во минута поради неделното намалување на нивните резерви.


Фото: Pixabay

Авионските компании во целиот свет ќе изгубат една милијарда фунти за време на еден просечен лет од Лондон до Лос Анџелес.

Сите агенции низ светот ги намалија или целосно ги укинаа летовите во последниот месец поради намалениот интерес и рестрикциите во летањето наметнати од многу влади. На пример, ИАГ, компанијата која го поседува „Бритиш ервејс“, ги намалила летовите за 90% во април и во мај. Нејзините 4.000 пилоти ќе одат на неплатен одмор од четири недели, а 30.000 вработени се принудени да земат неплатено отсуство. 


Автор: Сајмон Калдер
Извор: independent.co.uk 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија