X
 10.05.2023 Култура

Излезе трејлер за „Опенхајмер“, новиот филм на Кристофер Нолан

Кога Кристофер Нолан работи на нов филм, премиерата нестрпливо се очекува.

Новиот филм на Нолан, „Опенхајмер“, наскоро ќе пристигне во кината низ светот. Станува збор за филм кој ја следи приказната на Роберт Опенхајмер, научникот одговорен за создавањето на атомската бомба.

Килијан Марфи ја толкува улогата на научникот, а Емили Блант ја глуми неговата сопруга. Во филмот ќе ги гледаме и Мет Дејмон, Роберт Дауни Џуниор, Флоренс Пју, Рами Малек и Џош Хартнет, меѓу другите.

Во продолжение погледнете го трејлерот за филмот.


Извор: Idesh
Насловна фотографија: Youtube (printscreen) 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура