X
 10.07.2020 Култура

Париз ја отвора летната сезона со пловечко кино и електрични чамци

Поради пандемијата и социјалното дистанцирање, разни бизниси и организатори на настани се принудени да најдат креативни начини за да ги направат социјалните собири безбедни за своите клиенти и посетители. Поради тоа, беа создадени уникатни концепти за настани насекаде низ светот.

На пример, Париз го лансира првото пловечко кино каде што луѓето ќе можат да гледаат филмови во електрични чамци што се на соодветна социјална дистанца. Киното наречено „Cinéma sur l’Eau“ (Кино на вода), ќе биде отворено на 18 јули во реката Сена. Оваа филмска вечер е организирана за прославување на „Плажи во Париз“, годишна програма во градот што создава привремени плажи во текот на летото.

1
Фото: Le cinema sur l’eau

Бидејќи местата во чамците се бесплатни и има само 38, луѓето мора да учествуваат во лотарија за да ги освојат, а лотаријата ќе трае до 15 јули.

Од 2002 година, секое лето, бреговите на Сена се претвораат во приморско одморалиште. Локациите се трансформираат со палми, лежалки, чадори, па дури и големи базени. Покрај тоа, сите активности се бесплатни.

Но, поради здравствената криза, оваа година проектот ќе биде различен.

париз
Фото: Wikimedia Commons

- Многу парижани нема да одат на одмор. Многу посетители можат да дојдат во Париз, особено од другите француски региони, па сакаме да им посакаме добредојде и да го задржиме празничниот дух во Париз - рече градоначалничката на Париз.

Еден од филмовите што парижаните ќе можат да ги видат за време на пловечкото кино е „Приказна за корона“, краток филм за тековната пандемија кој победи на натпреварот организиран од синџирот киносали „Мк2“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура