X
 10.07.2023 Наука

Фотографиите од храна може да ни ја намалат желбата за прејадување, откриваат експертите

Неодамнешно истражување од Универзитетот „Пен Стејт“ носи интересни заклучоци за ефектот на гледање фотографии од храна врз нашето чувство на ситост и контрола на апетитот.

Истражувањето покажа дека гледањето фотографии од храна може значително да ја намали желбата за прејадување. Научниците дизајнирале неколку онлајн експерименти во кои учествувале повеќе од 1.000 кандидати. Преку овие експерименти било заклучено дека гледањето фотографии од храна повеќе од 30 пати може да предизвика чувство на ситост кај поединците.

Исто така, оние што виделе иста слика на храна повеќе од еднаш, избирале помали порции во споредба со групата што ја видела сликата само трипати.

Во истражувањето биле користени слики од бонбони „М&M“, во различни бои, како и бонбони „скитлс“ кои имаат различни вкусови. Резултатите покажале дека бојата и вкусот на храната немаат значително влијание врз чувството на ситост.

Дебелината е еден од најголемите здравствени предизвици денес, а прекумерното консумирање храна е еден од клучните фактори што водат до овој проблем. Резултатите од ова истражување може да имаат практична примена во контролирањето на апетитот.

Затоа, научниците предлагаат развој на апликации базирани на визуелна стимулација на храната, со цел да се намали желбата за прекумерно внесување храна.

Извор: 24sedam.rs
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука