X
 11.01.2016 Живот

Дали кофеинот ни помага при учењето?

Дупло еспресо по учењето пред испит може да ви помогне со краткорочното помнење, покажува ново истражување. Научниците го откриле дека првиот јасен доказ за ефектот на кофеинот врз меморијата, а истиот трае најмалку 24 часа.

Било спроведено истражување на волонтери кои добиле задача за помнење. Оние учесници кои пиеле кафе по задачата подобро ги помнеле фактите наредниот ден во споредба со оние кои не пиеле кафе. Количеството кофеин кое било искористено во експериментот одговара на она во дупло еспресо.

Главниот професор кој работел на истражувањето, д-р Мајкл Јаса од универзитетот „Џон Хопкинс“ во Балтимор изјавил дека „отсекогаш сме знаеле дека кофеинот има ефекти за подобрување на когнитивната работа, но специфичните ефекти на подобрувањето на меморијата никогаш не била целосно истражувана кај луѓето“.

Тој додава дека за првпат досега се покажал ефектот на кофеинот во однос на намалувањето на шансите за заборавање над 24 часа.

Во истражувањето учествувале над 100 волонтери, од кои никој редовно не конзумира кофеински производи.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот