X
 09.09.2018 Образование

Ѕирнете во најлуксузната детска градинка во светот

Плажа на затворено, карпести ѕидови за искачување, па дури и оброци што ги приготвува познат готвач, се само мал дел од она што го нуди луксузната детска градинка отворена во Нов Јужен Велс.

Детската градинка на иднината ги задоволува сите барања на денешните родители. Децата имаат можност да уживаат во здрави оброци уште од самиот почеток. Активно планираат, одгледуваат и собираат зеленчук и растенија во градината, а подоцна тие се користат во приготвување на оброците.

Оброците ги приготвува познатиот готвач Мигел Маестре кој создава сезонски мениа, а децата се поттикнуваат да користат вистински прибор, да јадат јадења од другите култури и заедно да седат на маса за да се поттикне разговор за време на јадењето.

-Децата се доста љубопитни, па се занимаваме со забавни и практични работи. Нашите концепти се однесуваат на здравјето и благосостојбата, одржливоста и концептот на готвење од градина на чинија. Клучниот фокус во сите наши центри е телесна благосостојба со уверување дека здравата исхрана е во центарот - вели ко-основачот на градинката, Кат Виезорк-Гисо.

ГАЛЕРИЈА
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование