X
 11.03.2024 Живот

Италија го укинува испраќањето фотографии за брзо возење: „Поради нив, пропаѓаат врски, бракови и работни места“

Италијанското министерство за транспорт објави дека на возачите што ќе бидат фатени како возат со брзина поголема од дозволената повеќе нема да им се испраќаат фотографии од камерата, туку само известување.

Фотографиите од камерите за брзина ќе се користат само доколку возачот поднесе официјален приговор за казната. Оваа уредба е одобрена од италијанските служби за заштита на податоците.

Причината за укинувањето на фотографиите се распаѓање на врски, бракови или деловни зделки откако фотографиите од камерата откриле дека во нивниот автомобил има некој за кој не се очекувало да патува со нив.

Матео Салвани, министер за транспорт, постојано ја критикуваше употребата на камери за брзина со цел да се изрекуваат казни тврдејќи дека општините ги користат за да генерираат приходи.

- Мораме да спасиме животи преку превенција и контроли, но и да ги спасиме паричниците на граѓаните со тоа што ќе ги ослободиме од анархијата на камерите за брзина - изјави тој.

Италија има најмногу камери за брзина од сите земји во ЕУ


Салвини рече дека камерите треба да останат во области со висок ризик, како што се училиштата и болниците, но не и на патишта со две ленти за да се оданочуваат и вознемируваат возачите.

Според нацрт-уредбата, камерите за брзина мора да се инсталираат за да се гарантира безбедноста во сообраќајот, а не да се собираат пари за општинските совети.

Италија има околу 11.000 камери за брзинa.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот