X
 11.05.2023 Живот

Дали знаете кој е најекономичниот начин за возење по автопат?

Голем број модерни автомобили трошат многу повеќе гориво при возење по автопат отколку што фабрички е декларирано, а за возачите кои сакаат да штедат гориво, германските експерти за автомобили даваат совети за поефикасно возење со поголема брзина.

Иако законот вели дека на автопат не смеете да возите побрзо од 130 километри на час, се знае дека се вози и побрзо. Повеќето автомобили можат да постигнат максимална брзина од 170 километри на час, а често и повеќе.

Општото правило е да се забрза што е можно побрзо, да се префрли на највисока брзина, да се вози до 90 километри на час и да се одржуваат вртежите на моторот од 1.500 до 2.500 во минута.

Германскиот ТÜV советува возење со брзина до 80 отсто од максималната брзина. Секако, на патиштата каде што границата е 130 километри на час, јасно е дека повеќе од тоа не е дозволено.

Да ја повториме уште еднаш процената на германскиот автоклуб (АDAC) кој за автомобилите од средната класа пресметал дека при возење со 160 километри на час трошат и до две третини повеќе гориво отколку при возење со 100 километри на час.

Покрај максималната брзина, постојат и голем број други трикови за намалување на потрошувачката на гориво.

Златното правило е да возите со посмирен ритам, без нагло забрзување и кочење, како и да ја планирате брзината.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот