X
 11.09.2020 Економија

Речиси половина од електричната енергија во Германија годинава дошла од обновливи извори

Независниот климатски тинк-тенк „Ембер“ објави нов извештај во кој се наведува дека ветерната и сончевата енергија се одговорни за 10 отсто од глобалното производство на електрична енергија во првите шест месеци од годинава. Таа бројка е импресивен отскок за разлика од пред пет години, кога беше само 5 проценти.

Германија е многу над глобалниот просек и таму соларната и ветерната енергија заземаат дури 42 отсто од вкупното производство на електрична енергија, гледајќи го периодот од јануари до јуни годинава. Обединетото Кралство, исто така, бележи голем напредок во изминатите години, а таму процентот е 33 отсто. Најјаките економии во светот сè уште треба да работат на ова поле бидејќи во САД од ветер и сонце се добиваат само 12 отсто од електричната енергија, додека во Кина, Индија и Јапонија по 10%.


Фото: Statista

Извор: World Economic Forum
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија