X
 12.01.2022 Култура

Познати светски уметници му подарија дела на Музејот на современа уметност во Скопје

Уметничката колекција на Музејот на современа уметност во Скопје е збогатена со уште неколку значајни дела откако холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат“ (Што да се прави?) подарија свои уметнички дела.

Уметникот Јонас Стаал ја подари својата инсталација „Нови сојузи“ (New Unions 2016 – 2019), која е дел од изложбата „Сè што ни е заедничко“ курирана од Мира Гаќина и Јованка Попова. Додека рускиот колектив „Что делат“ го подари нивното видео „Becoming With the Museum“ за постојаната поставка, која ќе се отвори годинава во МСУ.  

Проектите на Стаал се наjшироко изложувани во музејот „Stedelijk“ во Амстердам, „M_HKA“ во Антверпен, музејот „Модерна“ во Стокхолм и уметничкиот центар „Nam June Paik“ во Сеул. Рускиот колектив има соработувано на „Документа 12“ во Касел во 2007 година, 11. издание на биеналето „Гвангжу“ во 2016 година и многу други. 

Издвојуваме

Култура