X
 12.03.2022 Живот

„Дизни“ гради станбени заедници во кои можете да живеете цела година

Ако некогаш сте го посетиле Дизниленд и сте се чувствувале како да можете вечно да живеете во таа недопрена, пријателска средина, сега имате шанса да го направите тоа. „Сториливинг бај Дизни“ дизајнира живописни заедници „заситени со специјалната магија на Дизни“. Водени од одделот за тематски паркови на компанијата, овие станбени заедници ќе го вклучат гостопримството од светска класа по кое е познат „Дизни“.

2

- Замислете енергична заедница со топлината и шармот на еден мал град и убавината на одморалиштето - објаснува Хелен Пак, директорка на „Дизни паркови, искуства и производи“. Визијата на „Дизни“ е да им даде на луѓето можност да го живеат најдоброто од двата света. На пример, здружението ќе го водат членови на актерската екипа на „Дизни“, обучени да обезбедуваат врвна услуга. А, преку клуб на членови, ќе има специјални искуства во велнес и забава, како и збогатување на семинари.

3

4

„Сториливинг бај Дизни“ е создаден со идеја да се изградат повеќе заедници, вклучително и некои за оние постари од 55 години. Првата заедница која се нарекува Котино, е во Ранчо Мираж, Калифорнија. Сместена е во долината Коачела, каде што Волт Дизни имал свое одморалиште, а ќе има 1.900 дома.

5

6

„Дизни“ соопшти дека ќе има низа резиденции, вклучувајќи станови и домови за едно семејство. Целата заедница ќе биде центрирана околу оаза од 9 хектари со шеталиште. На членовите на клубот ќе им биде достапна и област на плажа со водни активности. Покрај тоа, „Сториливинг бај Дизни“ има одобрение за изградба на хотел, како и опции за шопинг, ресторани и понуди за забава.



Извор: Mymodernmet.com
Фото: Disney
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот