X
 12.03.2024 Живот

Студенти што размислуваат различно ќе ги решаваат најгорливите проблеми!

Запознајте ги студентите од Бреинстер Некст колеџ што размислуваат различно и го редефинираат значењето на учењето.

Бреинстер Некст колеџ, првиот практичен акредитиран ИТ-факултет во земјава, ги слави оние што размислуваат различно! Неговите студенти учат во средина што ги инспирира, предизвикува, мотивира…
Ова е место во кое студентите не се грижат дали ќе се вклопат, тука се добредојдени оние што се фокусирани на напредокот и се трудат да најдат решение за предизвиците. Но, зошто е важно да се размислува поинаку?

Низ нашата историја има безброј примери кои покажуваат колку е важно различното мислење. Замислете што ќе се случеше ако Александар Флеминг не направил апсолутно ништо кога првпат ја видел мувлата што растела на садот која по некое време почнала да го запира растот на бактериите. Додека другите можеби веднаш би го отфрлиле експериментот како контаминација, Флеминг го препознал потенцијалот на мувлата и го изолирал пеницилинот, првиот вистински антибиотик. Додуша, велат дека не бил педантен, не си ги чистел садовите, па затоа увидел дека нешто интересно се случува со мувлата. Како и да е, сепак неговото „различно“ набљудување на нештата доведе до медицинска револуција, спасувајќи безброј животи.

Примерот со Стив Џобс и корисничкото искуство е, исто така, вреден да се спомене бидејќи и тој се осмели да биде поинаков. Наместо само да се фокусира на спецификациите и функционалноста, тој обрна внимание на корисничкото искуство – дизајнирање интуитивни, елегантни интерфејси и ставање приоритет на леснотијата на користење. Резултат на ова „различно“ размислување се iMac, iPod, iPhone и iPad.



Како размислуваат студентите од Бреинстер Некст колеџ?


Во редовите на Бреинстер Некст колеџ (Brainster Next College) има многу студенти со уникатен начин на размислување. Нивните приказни се многу различни, но и исти, бидејќи сите се дел од заедница во која предизвикот е норма и сите се стремат да остават свој отпечаток во овој динамичен свет.

Запознајте ги студентите што не се плашат од невозможното и чии умови веќе размислуваат како да ги решат проблемите за кои никој не се осмелува да ги решава. Умови што мислат поинаку бидејќи различното мислење е моќно оружје со кое идните генерации навистина ќе може да направат промена.

Таква е приказната на Сара Киселовска, која студира на студиската програма UX/UI и графички дизајн.
Сара уште од раѓање била малку поразлична од другите девојчиња. Повеќе сакала да се дружи со нејзиниот постар брат и неговите другари отколку да игра со девојчињата на нејзина возраст. Од четиригодишна возраст успешно тренирала карате освојувајќи медали во детска конкуренција на државни, европски и на светски првенства.

- Оставена сама во борилиштето со противникот пред себе, морав да реагирам брзо и да изнаоѓам потези со кои ќе освојам поен. Потоа продолжив со кошарка и ракомет. И во двата спорта играв на позицијата плејмејкер. Од мене се очекуваше да бидам креативна во градењето на акциите и да го разигрувам целиот тим. Можеби токму тоа кај мене поттикна креативност и желба за натпревар и докажување - вели таа.

Не е сигурна дали е поради спортот со кој се занимала или тоа е вродено, но Сара сфатила дека многу полесно ги разбира нештата и ги меморира ако ги прими визуелно отколку да чита или да слуша за тоа. Уживала да гледа реклами на телевизија и уште во петто одделение си рекла: „Кога ќе пораснам, ќе правам реклами и спотови’“. Нејзините родители ѝ излегувале во пресрет и ѝ овозможувале да посетува разни ИТ-курсеви.

- Во училиште ми беше многу важно моите презентации да бидат најкреативни, не толку од содржински колку од визуелен аспект. Моите идеи некогаш беа интересни некогаш чудни, а некогаш и погрешни. Знам да прифатам сугестија и критика, но не толку лесно. Мора некој добро да ме убеди да ја променам мојата замисла - вели таа.



Вредноста на тоа да се биде уникатен


Нејзиниот колега Драган Стојчевски, кој е прва година на студиската програма Софтверско инженерство и иновации во Бреинстер Некст колеџ, пак вели дека моментот кога сфатил дека размислува поинаку од другите било за време на една дискусија која ја имал со пријатели на една спорна тема.

- Тие имаа слично мислење, додека моето значително се разликуваше. Иако на почетокот се чувствував фрустрирано бидејќи моите гледишта не беа прифатени, тоа ми донесе и возбуда која произлегуваше од фактот дека имам своја уникатна перспектива на одреден проблем. Овој момент ми овозможи да ја сфатам вредноста на тоа да се биде уникатен и да се размислува поинаку - вели Драган.

Неговата единствена перспектива при решавање на проблемите и справување со предизвиците е тоа што гледа на проблемите на различен начин и се труди да користи поинакви методи за да најде решение.

- Користам знаења и вештини од различни области за да дојдам до решение и гледам на предизвиците како можност за да се усовршам и шанса да научам нешто ново, а не како пречки. Секако дека имало моменти кога ми било кажано дека имам луди и невозможни идеи. Во такви ситуации секогаш останувам смирен и давам објаснување зошто сметам дека мојата идеја е вистинската и да ги објаснам моите размислувања на најдобар можен начин - вели тој.

Тими Трајковски, кој на Бреинстер Некст колеџ студира UX/UI и графички дизајн, не се смета за некој што мисли премногу различно од другите, ама размислува на начин што според него е логичен, едноставен и ефикасен.

- Логиката ми е единствена перспектива која ја користам при решавање проблеми, со тоа што секогаш пробувам да стигнам до решението по едноставни постапки, без оглед дали тоа ќе биде со изучување или истражување. Сите во животот поминале низ ситуации во кои им било кажано дека не би успеале, би биле невозможни или пак луди, но на сите тие негативни мисли најдоброто нешто што може некој да го направи е да ги игнорира. Јас лично сум ги игнорирал и сум се фокусирал на себеси - вели Тими.

Додека сите други се труделе да се “fit in the crowd”, Анастасија Василева, студентка на Софтверско инженерство и иновации, вели дека си одела по свое.

- Кога решавам некој проблем, гледам да сум со чист ум и да сум смирена, иако не секогаш бев таква. Голем дел од времето ќе почувствував фрустрација и нервоза и не можеше ништо да ми тргне. И сега кога не можам да решам некој проблем, го оставам и одмарам, пијам кафе или едноставно правам нешто да се смирам. Голема улога игра и слушањето музика, буквално ништо не правам без музика, па и решавањето проблеми - вели таа.

Анастасија вели дека дури и за 90% од нејзините идеи добива одговор дека се „луди“, но тоа ја мотивира повеќе за да го докаже спротивното.
Таа ги обожава новите предизвици, па само поради таа причина често има некое ново хоби или интерес. А кога ќе најде нешто што ќе ѝ се допадне, не престанува додека не го усоврши до максимум.



Што со оние што не се вклопуваат во традиционалниот калап?

Сара во иднина се гледа себеси како дизајнер што ќе креира оригинални решенија кои ќе бидат уникатни, ќе привлекуваат внимание, ќе сугерираат, инспирираат и насочуваат. Нејзиното мото e: „Избери ја работата што ја сакаш и нема да мора да работиш ни еден единствен ден во твојот живот“, Конфуциј.
- На сите што чувствуваат дека не се вклопуваат во традиционалниот калап, а притоа ги поседуваат основните човечки вредности како добрина, чесност и трудољубивост, им порачувам да не се грижат, тие се во предност затоа што се издвојуваат од масата и полесно ќе бидат видени - вели таа.

Драган додава дека доколку некој не се чувствува како да се вклопува, би му укажал дека секоја личност е уникатна и тоа не смее да претставува пречка.

- Различните гледишта придонесуваат кон поголеми успеси. Треба да верува дека неговиот уникатен пристап може да направи позитивна разлика. Да ги развива своите уникатни вештини кои може да донесат значајно влијание во различни области. Секогаш да биде спремен да започне нови работи и да тестира нови вештини различни од оние што ги користел досега – вели Драган.

Тими, пак, верува дека тимската работа и соработката, односно идеите на другите лица и твоите „различни мисли” комбинирано би имале многу големо влијание врз решавањето на некој предизвик.

- Мислите комбинирани од повеќе луѓе се решението на секој проблем - вели тој.

За Анастасија, пак, важно е да се разбере дека различноста и индивидуалноста се вредности кои денес се најважни и смета дека нема подобра работа од тоа да си автентичен.
- Во ред е да имаш свој карактер кој не секогаш ќе се вклопи во традиционалниот калап, бидејќи не мора да се вклопи - вели таа.



Професорите нѐ поттикнуваат да размислуваме самостојно и критички


Ако ги прашате студентите зошто избрале да се запишат на Бреинстер Некст колеџ, повеќето го даваат истиот одговор - уникатна студиска програма, многу пракса, работа на реални проекти…Токму во оваа насока е и одговорот на Сара:


- Програмата е одлично конципирана, креативна е, целосно им го привлекува вниманието на студентите и ја задржува концентрацијата. Ние не сме неми слушатели на предавањата, туку активни учесници. Професорите ги почитуваат и поттикнуваат нашите идеи со додавање нивни сугестии, но без инсистирање да размислуваме како нив. Немам искуство со традиционалните образовни програми, но од она што го слушам од моите блиски сфатив дека таму се бара разбирање, меморирање и репродукција на дадената материја, додека на Бреинстер Некст колеџ се здобиваме со модерни вештини преку нивна конкретна имплементација, притоа надградувајќи ја својата креативност - вели Сара.

И веќе ги применува знаењата во пракса.
- Веќе имам испратено свои решенија на неколку конкурси. Најново, учествував на конкурсот по повод 50 години Кинотека на Македонија. Изработив и highlight за професионален спортист. Моја другарка направи принт на дуксер со мој дизајн.

За Драган, посветеноста и учењето се клучни фактори за успех. Вели дека студентите кои се посветени на учењето покажуваат подобри резултати и секогаш времето посветено на учење е наградено.

- Професорите играат важна улога во охрабрувањето и помагањето на студентите да се справат со предизвиците на факултетот. Секогаш имаме поддршка, насоки и совети за учење. Тие нѐ поттикнуваат да размислуваме самостојно и критички, што ни помага не само во справувањето со предизвиците на факултетот, туку и со предизвици во животот и нашата кариера - вели Драган.

За Анастасија, одлуката да се запише на Бреинстер Некст колеџ е една од најдобрите што ги донела досега.
- Иако е факултет што бара доста часови вистински труд и напор, сметам дека добрите работи бараат време, па ова важи и за квалитетното образование кое бара многу посветеност. Професорите ни се од огромна помош бидејќи се тука за нас во кое било време и ја ценат секоја дополнителна заинтересираност од студентите – вели Анастасија.

Тими, кој претходно учел на друг факултет, вели дека едно од најдобрите нешта сега е тоа што нашите студенти имаат поддршка од професорите кои им даваат задачи, совети и активности за да се чувствуваат охрабрени да го искористат сиот потенцијал.

- Го избрав Бреинстер Некст колеџ затоа што верувам во програмата и видов потенцијал кој би сакал да го постигнам. Наместо традиционална програма, имаме константна помош и ментори кои ни го следат секој чекор за да нѐ управуваат кон правилниот пат - вели Тими.

Приемниот тест за упис на Бреинстер Некст колеџ е отворен до крајот на март. Но, покрај практичната настава, праксата во компании, учество на хакатони, студентите од овој факултет имаат можност да ја искористат и финансиската поволност „Студирај сега, плаќај по вработување“.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот