X
 12.04.2024 Култура

Кит Харингтон открива зошто Ејч-би-о повеќе не работи на серија за Џон Сноу

Актерот Кит Харингтон потврди дека серијата за неговиот лик Џон Сноу од „Игра на троновите“ повеќе не е во развој.

Харингтон ја откри оваа вест за време на едно интервју. Актерот рече дека веќе не работат на проектот, кој бил во фаза на развој, но се надева дека во иднина вакво нешто би се реализирало.

- Не зборував за серијата бидејќи беше во развој. Не сакав да излезат информации дека серијата е во развој и не сакав луѓето да почнат да теоретизираат, да се возбудуваат или да ја мразат идејата затоа што не знаев дали навистина ќе се реализира. Серијата моментално не е во развој бидејќи не можевме да најдеме вистинска приказна за која сите би биле возбудени. Можеби ќе дојде момент во иднина кога ќе се случи тоа, но сега не е вистинскиот момент - изјави тој.

Планот беше серијата да открие што ќе се случува со Џон Сноу по завршувањето на осмата сезона од „Игра на троновите“.

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура