X
 12.07.2022 Живот

Фамилијата на Мартин бара помош од Владата и МНР за наоѓање на момчето исчезнато во Егејското Море

Семејството на Мартин, третиот Македонец кој исчезна во водите на Егејското Море, а сè уште не е пронајден, упати јавен повик до Владата и Министерството за надворешни работи за помош во потрагата. Горан Јовановски, братот на Мартин, на социјалните мрежи истакна дека тие веруваат дека исчезнатото момче е живо и чека помош, па ги замолија македонските власти да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по него бидејќи грчките закони предвидуваат потрагата од нивна страна да заврши денеска, на четвртиот ден од исчезнувањето.

-Јас сум братот на Мартин и упатувам голема благодарност до ОФКАТ екипата спасувачи од Грција и до Генералниот конзулат во Солун, кои изминативе три дена се заедно со насето семејство во потрага на нашиот Мартин. Мојата мајка и нашето семејство и пријатели сè уште веруваме и се надеваме дека Мартин е жив и ја чека нашата помош и затоа апелираме од македонската Влада и нашето Министерство за надворешни работи да помогнат да се најде начин да продолжи потрагата по Мартин бидејќи, според грчките закони, потрагата од нивна страна ќе заврши денеска, на четвртиот ден. Затоа апелираме Владата да помогне и ги молиме македонските граѓани да помогнат доколку се во можност, а за чија помош Владата би можела да организира некаква акција. Не смееме да дозволиме да се откажеме сè додека не се пронајде Мартин - напиша Горан на „Фејсбук“ и ги замоли сите да ја споделуваат објавата за да стигне до сите кои би можеле да помогнат во овие исклучително тешки моменти за неговото семејство.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот