X
 12.08.2021 Живот

Проф. д-р Љупчо Кеверески: Поголема емпатија за надарените и талентираните

Задоволување на образовните и социо-емоционални потреби на надарените и талентираните - императив во образованието

Непобитен е фактот дека надарените, талентираните и креативните се креатори на прогресот на секоја држава. Од тие причини, секоја држава во своја национална стратегија/национален концепт проектира мерки и активности за обезбедување на адекватни услови за развој на нивната надареност и талентираност во сопствената земја. Би истакнале дека земјите се разликуваат според тоа колку се успешни во задоволување на образовните и социо-емоционални потреби на надарените и талентираните. Па, така се наметнува тврдењето дека секоја земја е богата со таленти не според тоа колку ги има, туку колку од нив остануваат во неа.

Како предвовед во она што следува ќе се осврнеме и дадеме посебен респект кон идејата за воведување и ангажирање на образовни асистенти кон децата со развојни и други потешкотии со општ назив деца со посебни потреби. Секако дека тоа ќе придонесе за поквалитетен третман кон оваа категорија на ученици и ќе се постигне поголем степен на хуманизација на општеството кога се има предвид образовната политика на секоја земја. Во исто време да потсетиме дека апелот за поголема емпатија за надарените и талентираните го означува „оживување“ на неговото примарното објаснување „способноста да препознаеме што друга личност мисли и чувствува и адекватно емоционално да одговориме соодветно на перцепираната емоционална состојба”(Koen Baron, S., 2011). Со други зборови, би рекле дека „емпатијата е доживување на она што другата личност доживува, имајќи во вид дека со другата личност нешто се случува”(Wоndra- J, Phoebe C. Ellsworth, C.,2000)., позитивна човечка интеракција, внатршен и надворешен однос која една личност го развива кај другата личност или група Shirier – Cahleen, P., (2008), „способност за ставање по положбата на другите, да се разбере светот на другите и при тоа да се остане свесен за сопствениот идентитет”(Vukovic, D., i Bosnjakovic, J., 2016).

Општо е познат досегашниот однос на државата кон надарените и талентираните во образовната дејност, па од тука се наметнува конкретна идеја како да се иновира и унапреди нивниот третман. Но, директен повод и инспирација за овој напис е грижата за надарените и талентираните и оние кои можат да дадат свој придонес во потткнување и развој надареноста и талентираноста, кој има своја академска и педагошка историја. Станува збор за една категорија на ученици во македонскиот образовен простор во основните, средните, па и високото образвание, а тоа се надарените и талентираните. Императивна е потребата на оваа категорија да ѝ се даде заслужен третман, односно со нив да работат лица кои поминале одреден степен на примарна едукација или едуцирани кадри кои поседуваат адекватни академски компетенции.

Познато е дека Педагошкиот факултет-Битола реализира акредитирани студиска програма од втор циклус студии со која кандидатите се стекнуваат со академски назив магистер за образование на надарени и талентирани и студиска програма од трет циклус со кој се стенува називот доктор по надареност и талентираност, кои се единствени во овој дел на европскиот образовен простор. Во вториот циклус на студии до сега завршиле вкупно над 25 кандидати , а од третиот циклус има вкупно 4 кандидати од различни држави во нашето опружување. Оваа аргументација не наведува на потреба и размислување за ангажирање на стручни лица со соодветен степен и компетенции кои можат да дадат прилог во квалитетно подигање на третманот на надарените и талентираните. Тие заедно со стручните профили во институциите и наставниот кадар со соодветни компетенции и афинитети ќе бидат вклучени во процесите на препознавање, идентификација и работа со надарените и талентираните. Тие би биле поединци кои со своето професионално и академско искуство би го поддржувале развојот на талентите (talent suport experts).

Модалитетите како треба оваа идеја да се реализира заслужува внимание и посериозна дебата која како крајна цел ќе биде инстиуционалнa/училишна, локална, регионална и национална поддршка на развојот на надареноста и талентираноста. На крај ќе је илустрираме алармантноста на ситуацијата во односот кон надарените и талентираните дека со потребите и развојот на надарените и талентираните не можеме да (на) правиме компромис.

Автор: проф.д-р Љупчо Кеверески, Педагошки факултет - Битола
Национален координатор на Интернационалната асоцијација за емоционална интелигенција, Њујорк

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот