X
 12.10.2023 Економија

Битиќи: Со одлуката за даноците ќе бидат опфатени луксузните возила и оние што испуштаат повеќе јаглероден диоксид

Луксузните возила и оние што испуштаат поголем процент на јаглероден диоксид во воздухот ќе имаат повисока даночна стапка, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Предлог-одлуката треба да биде разгледана на следната владина седница во вторник.

- Нема зголемување на даноците на возилата ако ја видите последната одлука што во вторник треба да биде на Влада. Зборуваме за даночење на луксузните возила. Ќе има данок и за оние возила што испуштаат поголем процент на јаглероден диоксид. Значи, не зборуваме за зголемување со кое ќе биде опфатена поголема категорија на граѓани - рече Битиќи, одговарајќи на новинарски прашања по панел-дискусијата „Достоинствен живот или преживување?“

Битиќи негираше дека распределбата на Буџетот се прави затоа што нема пари за деветтиот пакет антикризни мерки. Битиќи посочи дека вообичаено распределбата на средствата во Буџетот се прави секој декември. За антикризниот пакет мерки рече дека наскоро ќе биде објавен.

- Мислам дека веќе е при крај затоа што тоа ќе бара одредени законски решенија кои ќе треба да влезат во Собрание - рече Битиќи.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија