X
 12.11.2023 Живот

Дали би платиле илјадници долари за ноќевање на остров без струја?

Колку би платиле за да спиете на отворено, без струја, фрижидер... Некои даваат и до 10.000 долари од ноќ. Заборавете на луксузот и хотелите со 5 ѕвезди кои ја исполнуваат секоја ваша желба пред да ја кажете.

Новото „луксузно место“ кое сака да ве претвори во примитивен истражувач се вика „РОЦС ајленс икспириенс“, а се наоѓа на остров кој не постои на ниту една мапа, дури ни во туристичките водичи. Островот Алфурос, парче земја во близина на Националниот парк „Комодо“ во Индонезија, е неистражено, добро скриено богатство кое е претворено во ексклузивно одморалиште, но без никаков луксуз.

Изолираниот пејзаж од мали дрвја и грмушки, стрмни карпи и апсолутна дивина секоја година привлекува сè повеќе посетители. Наместо кревети и меки перници, таму ве очекува колиба од бамбус со платнен покрив, со два кревети и надворешен туш и тоалет. На располагање ви е оган, мал генератор за полнење мобилен телефон во случај на потреба, а за интернет нема потреба. Во случај на итен здравствен проблем, во близина има болница, до која се стигнува за половина час со глисер.

- Доаѓаш на островот и сфаќаш дека ништо не ти треба - вели Вероника Бломгрен, која со синот Александар управува со островот.

Првично, таа и нејзиниот сопруг барале 100 милиони долари од инвеститори за да развијат луксузни вили, но планот брзо бил сменет. Сонот на Вероника и нејзиниот сопруг е целосно пошумување на островот.

- Во тавче зоврив вода за кафе бидејќи немаше чајник. Вечерата ја донесе капетанот на јахтата, инаку сѐ се готви на отворен оган. Не спиев ноќе, но убавината на соседните острови и светлината на Млечниот Пат ме натераа да размислувам. Не зажалив што бев таму. Навистина се чувствував среќен - вели еден возбуден гостин кој потрошил 30.000 долари за викенд.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: ROCS Island Experience
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот