X
 13.01.2023 Живот

Компанија за пијалаци дава 1.000 долари за секој кандидат што нема да пие алкохол 31 ден

Илјадници луѓе се дел од трендот наречен „сув јануари“ - 31 ден без пиење алкохол, чија популарност се зголеми во последните неколку години.

Со оглед на тоа што многумина гледаат дека трезвеноста позитивно влијае врз целокупното здравје, не е изненадување што компаниите инвестираат во понатамошни истражувања за набљудување на влијанието што намалувањето на алкохолот може да го има врз вашиот животен стил.

Во 2022 година 1 од 5 возрасни Американци изјавил дека планира да биде дел од трендот „сув јануари“, што претставува зголемување од 13 отсто во споредба со претходната година.

Сега, „Транкуини“, компанија која продава безалкохолни, велнес-пијалаци, нуди парична награда од 1.000 долари за еден кандидат кој е подготвен да се воздржи од алкохол 31 ден и да го документира своето искуство.

За да учествувате во натпреварот, мора да го пополните формуларот за пријавување до 31 јануари 2023 година.

За анкетата, компанијата бара детални описи за тоа како сте се чувствувале во текот на искуството, а и на кои начини сте избегнале да консумирате алкохолен пијалак во моменти на искушение.

Повеќе информации за натпреварот можете да добиете ТУКА.

Извор: CNBC
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот