X
 13.02.2019 Живот

„Нашиот пат“ на пат низ Македонија

Најпопуларните млади автори во Македонија, Марко Марковиќ-Џипи и Стефан Рашковиќ-Стефонатор, ја најавија првата јутјуберска турнеја од ваков тип по повод објавувањето на нивната прва авторска книга во издание на „Просветно дело“.

Мегапопуларните јутјубери Џипи и Стефонатор ja најавија турнејата на книгата „Нашиот пат“ во издание на „Просветно дело“. Ќе посетат 7 града во Македонија. Турнејата ја почнуваат во Градот на конзулите, Битола, а потоа следуваат Кавадарци, Куманово, Охрид, Штип, Струмица и завршуваат во Градот под Марковите кули – Прилеп.



Оваа сабота, 16.2. 2019 година, битолчани ќе имаат можност да се видат со своите омилени јутјубери, да ги добијат своите долгоочекувани автограми и селфиња, како и да се дружат со нив. Секоја наредна сабота продолжуваат во другите градови, а на 30 март 2019 година прилепчани ќе имаат можност да присуствуваат на последната етапа од оваа турнеја, а датумите и информација за тоа кои други градови би биле посетени во иднина - останува да дознаеме во иднина. Потпишувањето на книгите и средбите се закажани во книжарниците на „Просветно дело“ во соодветниот град со почеток од 12 часот и ќе траат до 18 часот.



„Доаѓаме и во твојот град“, објавија јутјуберите и изјавија: „Долго време најавуваме митапи за нашите следбеници во другите градови. 'Нашиот пат' даде вистински повод за тоа. По Скопје, каде што имавме можност да се видиме со голем број следбеници, решивме да посетиме 7 града во 7 саботи.



Книгата „Нашиот пат“ постигна незапаметена продажба, ги урна сите рекорди, а првпат во Македонија „Просветно дело“ најави турнеја за потпишување книга.

Сведоци сме на уникатен спој меѓу традицијата и револуцијата!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот