X
 01.03.2019 Култура

Читајте ги безвремените приказни и откријте нов волшебен свет!

Во оваа едиција може да ги најдете следниве наслови: Петар Пан, Пепелашка, Трите прасиња, Мачорот во чизми, Снежана.

Ова се веќе добро познати безвремени приказни, но овој пат со интересен формат и привлечни илустрации кои ќе им го задржат вниманието на децата.

Гарантираме дека не само што ќе им го привлечат вниманието на децата туку и со задоволство ќе ги замолуваат мама и тато или баба и дедо да им ги читаат, постојано ќе бараат да го прават тоа за нив или, пак, оние што знаат да читаат, ќе им се враќаат на овие приказни повторно и повторно... сè додека не научат сами да ги раскажуваат.

Во сликовниците се раскажува со лесен, ненаметлив и едноставен стил. Речениците се кратки, јасни и содржат зборови кои се разбирливи за децата. Разиграниот и различен тип на букви и разиграноста на цртежите и тоа како ги мамат децата постојано да ги прелистуваат страниците.
  • Петар Пан, магичното момче од Недојдија, и неговата пријателка Ѕвончица им приготвуваат изненадување на двете братчиња... откријте за какво незаборавно искуство станува збор.
  • Тешкиот живот на прекрасната Пепелашка прераснува во бајка откако принцот ја одбира токму неа за животна сопатничка. Како... ах, за тоа повеќе во сликовницата.
  • Трите мили прасенца сакаат да започнат живот, секое во своја посебна куќа. На што наидуваат и каква порака има од најстарото прасенце - ќе дознаете сами!
  • Мачорот во чизми е толку привлечна приказна, а овде е проткаена со римувани стихови. Воодушевуваат постапките и идеите, неговите мудрости и како успева на еден волшебен начин едно обично момче да претвори во „маркиз од Карабас“.
  • Познатата приказна за Снежана и седумте џуџиња раскажува за добрината, карактерот и за убавината на Снежана. Како ѝ помагаат џуџињата и како таа ќе биде избраничка на принцот... дознајте читајќи!
(Комерцијален текст)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура