X
 13.05.2023 Живот

Д-р Габор Мате: „Ниту едно општество не може да се разбере себеси ако добро не погледне во сопствената сенка“

 Д-р Габор Мате е канадски лекар и автор, специјализиран за детска траума и нејзината поврзаност со зависноста. Мате го нарекуваат и „доктор за траума“, а овие негови цитати ќе ви ги отворат очите.

Мате вели дека несаканите искуства од детството и незадоволените емоционални потреби се силно поврзани со зависност и дисфункција. Но, тој истакнува дека иако тие рани искуства се длабоко вградени во нас, можат да се променат.

- Обидот да побегнете од болката е она што создава повеќе болка.

- Способноста да ја почувствуваме сопствената болка е поврзана со нашите најдобри надежи за исцелување, достоинство и љубов.

- Голем дел од она што го нарекуваме наша личност не е фиксен сет на особини, туку само механизми за справување што една личност ги стекнала во детството.

- Она што изгледа како реакција на сегашните околности е всушност преживување на минатите емоционални искуства.

- Најголемата штета предизвикана од занемарување, траума или емоционална загуба не е непосредната болка, туку долгорочните нарушувања што тие ги предизвикуваат во начинот на кој детето во развој ќе продолжи да го толкува светот и своето место во него.

- Несвесно, ја пишуваме приказната за нашата иднина од наративи базирани на минатото.

- Автоматското потиснување на болната емоција е главниот одбранбен механизам на беспомошното дете и може да му овозможи да преживее траума која инаку би била катастрофална. Несреќната последица е целосно отупување на емоционалната свест.

- Срамот е најдлабоката „негативна емоција“ и ќе направиме речиси сè за да го избегнеме ова чувство. За жал, нашиот постојан страв од срам ја нарушува нашата способност да ја видиме реалноста.

- Кога се обидуваме да ја елиминираме нашата ранливост, го губиме целиот капацитет да почувствуваме што било.

- Ниту едно општество не може да се разбере себеси ако добро не се погледне во сопствената сенка.

Извор: ddl.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот