X
 13.09.2016 Наука

Најголемите научни измами во историјата на светот

Повремено се случуваат некои научни откритија кои се толку луди што едноставно не можете да си поверувате дека се вистинити. Електричната енергија, теоријата на релативитетот... Токму овие луди, нови достигнувања, ги туркаат границите на науката и го менуваат нашиот живот.

Но, понекогаш налудничавото откритие или пронајден е токму тоа: лудо. И позади него се наоѓа некој кој ги лепи коските за слава или профит.

Не постои ништо добро како старомодна измама која не' потсетува дека треба да бидеме скептични во врска со некои луди научни тврдења. Ова се најсочните научни скандали во историјата на светот.

1. Фосилите на Јохан Берингер

Во 1726 година, Јохан Берингер открил доста зачувани фосили на гуштери, пајаци и птици кои биле наведени дури и во Библијата.

Берингер, со намера да ја поткрепи точноста на неговите пронајдоци, велел дека фосилите ги направил самиот Бог. Но, излегло дека неговите колеги ги подметнале фосилите за да ја уништат неговата репутација.

2. Машината од 1813 година

 


Чарлс Редхефер создал машина која била во постојано движење и никогаш не запирала.

Меѓутоа, откако забележал благо нишање на машината, скептичниот машински инженер Рберт Фултон го предизвикал Редхефер, тврдејќи дека може да пронајде механизам кој ќе ја одржува во движење. И го направил токму тоа. Се чини дека изворот на несопирлива енергија на машината е стар човек кој ја вртел рачката.

3. Животот на месечината во 1835 година


Астрономот Сер Џон Хершел не само што открил нови планети кои орбитирале околу другите ѕвезди, туку го решил/поправил речиси секој водечки проблем на математичката астрономија, а највозбудливо од сите овие астрономски откритија бил животот на Месечината.

Не само што Хершел не пронашол живот на Месечината, туку не ги ни направил овие наводни откритија.

4. Џинот од Кардиф од 1869 година

Скаменето човечко тело долго 3 метри наречено „Џинот од Кардиф“ кое било откриено од страна на група на работници кои копале во нечиј двор. Всушност, телото било создадено од Џорџ Хал како шега наменета за фундаменталистичкиот министер кој верувал дека Земјата некогаш била населена од џинови.

5. Човекот Пилтдаун од 1912 година


Чарлс Досон, професионален адвокат и аматерски фосилен ловец открил фрагменти на човечка глава со вилица како јаболко, заби, камени алатки и фрагменти од животински фосили. Черепот, кој научниците го нарекле „Човекот Пилтдаун“ живеел на земјата до пред 500.000 години, бил исчезнатата еволутивна врска помеѓу мајмуните и луѓето.

Во 1950 година научниците повторно ги анализирале коските и откриле дека горниот дел од черепот е стар само 50.000 години, а вилицата, за која денес научниците сметаат дека е од орангутан, била стара само неколку децении. Тие откриле дека фосилите биле намачкани со хемикалија за да изгледаат постаро.

Излегло дека Досон сам ги ставил фосилите во јамата.

6. Обдукцијата на вонземјанин од 1947 година

Во 1947 година излегоа слики од обдукција на вонземјанин чие летало било пронајдено во Росвел, Ново Мексико. Во 1995 година, Британецот Реј Сантили изјавил дека фотографиите му ги дал пензиониран воен камерман.

Меѓутоа во 2006 година Сантили ја признал измамата. Во документарец тој признал дека ја наместил цела обдукција, меѓутоа се'уште верувал дека постои ваква снимка, а го снимал сам процесот само затоа што оригиналната снимка била во лоша форма.

7. Тасадеј племето од 1971 година

 


Министерот од владата на Филипините, Мануел Елизалде тврдел дека пронашол племе кое живеело во целосна изолација на островот Минданао. Племето зборувало на чуден јазик, собирало дива храна, користело камени алатки, живеело во пештери во џунглата, носело листови наместо облека и било многу мирољубиво.

Претседателот во тоа време го прогласил островот за резерват, забранувајќи им на антрополозите да го посетат и да го проучуваат племето.

Но, во 1986 година претседателот бил принуден да се повлече од функцијата бидејќи двајца новинари отишле на островот и откриле дека „племето“ живее во куќи, носи нормална облека и само привремено усвоило примитивен животен стил, по барање на Елизалде.

8. Откритијата на Синичи Фуџимура од 1981 година

Самоукиот Синичи Фуџимура се сметал за еден од најугледните јапонски археолози. Во 1981 година тој открил стари предмети како и најстарите траги на цивилизација кои датирале од пред околу 600.000 години. Она што го открил биле примитивни засолништа кои го направиле славен во 2000 година.

Истата година, еден јапонски весник објавил фотографија од Фуџимура како копа дупки на локалитетот и како ги поставува артефактите.

9. Неоткриените елементи од 1998 година

Научниците во Националната лабораторија Лоренс Беркли синтетизирале нови елементи наречени унуноктиум (елемент 118) и ливермориум (елемент 16). Ова претставувало неверојатно откритие кое ја отворало вратата за понатамошен увид во структурата на атомското јадро.

Во 2000, откако различна група на научници не успеале да ги реплицираат резултатите, лабораторијата излезе со демант.

Физичарот Виктор Нинов бил обвинет за поигрување со податоците и поставување докази дека елементите биле создадени.

10. Фосилниот Архаеораптор од 1999 година

 


Фосилот на пердуст диносаурус наречен архаеораптор се сметал дека била исчезнатата еволутивна врска помеѓу современите птици и месојадите диносауруси.

Излегло дека овој фосил бил создаден од лепење на неколку фосили од различни видови. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука