X
 13.12.2020 Забава

Онлајн-ресурси што ќе ве направат мајстор во шах

Еден од најпосакуваните божиќни подароци во светот оваа година е шахот. Многумина посакаа да играат шах по гледањето на серијата „Дамски гамбит“, која премиерно беше прикажана на „Нетфликс“ во октомври. Приказната за младата Бет Хармон, која станува мајстор во шах, ја зголеми продажбата на сетови за шах низ светот. 

Без разлика дали сте почетник или знаете да играте шах, секогаш може да бидете уште подобри, а за тоа има и туторијали на интернет.

За почеток, серијата од видеа „Сè што треба да знаете за шахот“ е направена за да ве научи сè за играта.


Доколку ви треба потсетување на основните правила на играта, видеото во продолжение е за тоа.


Секако, никој што го обожава шахот не може да застане на основните правила, а шаховскиот клуб во Сент Луис нуди предавања од мајстори во шах кои се наменети за почетници и понапредни играчи.


На „Чес скул“ може да најдете видеа од најдобрите шаховски партии што биле одиграни, додека на каналите како „Чес нетворк“ може да најдете видеа за познати стратегии кои ги користат најдобрите шахисти.


Извор: openculture.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава