X
 14.02.2022 Живот

Стогодишна касиерка од Велика Британија не планира да се пензионира

Берил Кар има 100 години и работи како касиерка во кафуле.

- Не можам да поверувам дека ја дочекав оваа возраст, но ете, тука сум - вели таа.

Таа почнала да волонтира во кафулето „Лига на пријатели“ пред 18 години кога се преселила во Лондон откако нејзиниот сопруг починал. Иако не познавала никого, вели дека нејзиниот потег бил спас за неа.

Не планира да се откаже од работата и вели дека ќе волонтира додека може да работи.



Извор: ВВС
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот