X
 14.02.2023 Живот

Катар донира монтажни куќи користени за Мундијалот за преживеаните од земјотресот во Турција

Катарскиот Фонд за развој најави дека преку донација ќе им помогне на преживеаните во погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција да најдат привремено засолниште во 10.000 монтажни објекти, кои беа користени за време на Светското првенство во фудбал.

Околу 1,4 милиони фудбалски навивачи беа сместени во монтажни куќи за време на Мундијалот што се одржа во Катар од 20 ноември до 18 декември.

- Првата серија од 350 објекти е испорачана во неделата - соопшти денеска катарскиот Фонд за развој.

Десетици илјади згради се уништени или тешко оштетени во катастрофалниот земјотрес што минатиот понеделник ги погоди југот на Турција и северот на Сирија, оставајќи милиони луѓе без покрив над главата.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот