X
 14.07.2023 Образование

Во Албанија учениците и родителите сами можат да си ги испечатат свидетелствата

Во Албанија е воведена новина во образованието со која родителите ќе можат да ги печатат свидетелствата на нивните деца директно од платформа, без да мораат да одат во образовните институции.

Тамошната министерка за образование и спорт Евис Куши објави дека сега свидетелствата или уверенијата со оценките од матурата на матурантите може да се печатат директно од системот колку пати и да е потребно.

- Горди сме што годинава уверенијата со оценките од матурата и свидетелствата на учениците за сите години до крај на средно може да се испечатат од платформата колку што сакате, без да има потреба да одите во образовните институции - истакна таа и додаде дека се олеснува и процедурата за оние на кои документите им се потребни за во странство.

Извор: Portali Shkollor Albas

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование