X
 14.08.2023 Наука

За да бидете среќни, размислувајте како стара личност

Лора Карстенсон ги проучува стареењето и среќата. Таа откри дека постарите луѓе се посреќни од средовечните и помладите. Многу истражувачи ги повторија нејзините наоди.

Според Бирото за попис на САД, од 2010 година, бројот на жители од 65 години и постари се зголемил за 34 отсто. Но, погрешна е карактеризацијата на оваа популација како неработници и зависни. Луѓето на 65 години и постари имаат двојно поголема веројатност да работат денес во споредба со 1985 година.

Старите луѓе се резервоар на мудрост и искуство. Можеби работат со побавно темпо, но даваат вреден придонес за работната сила. Старите луѓе се ресурс кој може да реши некои од проблемите со недостигот на работна сила.

Во 80-тите години општеството ја сметаше староста за патолошка, дека депресијата, анксиозноста и губењето на когнитивните функции и меморијата се неизбежни последици од стареењето.

Парадоксот на стареењето е дека иако физичкото здравје и функциите на луѓето се намалуваат во подоцнежната зрелост, среќата не се намалува. Многу студии покажуваат дека депресијата, анксиозниот стрес, загриженоста и лутината се намалуваат со напредувањето на возраста.

Менталното здравје се подобрува со возраста


Стареењето не е болест; деменцијата е. За жал, деменцијата и стареењето често одат рака под рака. Но, треба да се знае дека деменцијата не е неизбежна последица на стареењето. Застрашувачки е да се земе предвид дека 10 отсто од постарото население има деменција. Но, изгледа многу поинаку кога ќе кажеме дека 90 отсто од постарите лица немаат деменција.

postara
Фото: Freepik

Хронолошката возраст е само бројка. Имаме физичка возраст, психолошка и сексуална возраст. Тие варираат од поединец до поединец. Во многу области работите се подобруваат како што старееме: прифаќање на себеси и другите, желбата за подлабока врска, мудроста и емпатијата, способноста за простување, благодарноста, отпорноста и слично.

Не мерете го времето, доживејте го

Како што старееме, нашите временски хоризонти стануваат пократки и нашите цели се менуваат. Постарите луѓе ги насочуваат своите когнитивни ресурси повеќе кон позитивни информации отколку кон негативни.

Времето сè уште носи чувство на итност, но итноста на времето е трансформирана. Старата личност повеќе не го гледа времето како бескрајна серија на состаноци кои се движат од една до друга цел. Сега итноста е да се доживее секој момент и да не се губи времето што преостанува.

Почнете да размислувате како старец


Ако ви делат уште години до пензија, не чекајте да наполните 65 години за да ја искусите итноста на времето. Зошто да поминете 30-40 години во пензија? Позајмете време од вашите години за пензионирање додека сте млади.

Извор: Psychologytoday.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука