X
 15.01.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува до крајот на работната недела?

Во Македонија во четврток по студеното и понекаде магловито утро, во текот на денот ќе биде сончево и топло. Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб северен и североисточен ветер. Утринските температури од -10°C до 0°C, а дневните температури ќе достигнат до 4°C односно до 12°C.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла која ќе се задржи и претпладне, во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -5°C, а максималната дневна температура ќе достигне до 8°C.

Во петок во утринските часови ќе има појава на магла, а во текот на денот ќе биде претежно сончево и топло. Слаб ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат од -8°C до 1°C, а максималните дневни од 5°C до 13°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот