X
 09.01.2015 Живот

Какво време не очекува во наредните денови?

Во Македонија по студеното утро, во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и потопло. Слаб ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 30 км/ч. Утринските температури од -10°C до -2°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до -1°C односно до 7°C.



Во вечерните часови ќе има појава на магла.

Во Скопје по студеното утро, во текот на денот претежно сончево и потопло. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од -7°C, а максималната дневна ќе достигне до 3°C.

Во сабота во Македонија ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и ветровито. Слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен западен и југозападен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури ќе се движат од -7°C до 1°C, а максималните дневни температури од 3°C до 11°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот