X
 19.01.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не очекува наредниве денови

Во Македонија во понеделник ќе биде претежно облачно со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Минималните температури од -1°C до 7°C, а максималните температури ќе достигнат до 4°C односно до 13°C.

Во Скопје во понеделник во утринските часови ќе има појава на магла која ќе се задржи и во поголем дел од денот. Преку ден ќе биде претежно облачно со услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 2°C, а дневната температура до 8°C.

Облачно и ветровито ќе биде во вторник. Во попладневните часови услови за слаби локални врнежи од дожд ќе има во крајните западните предели. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен и југозападен ветер. Утринските температури од -1°C до 7°C, а дневните температури ќе се движат од 5°C до 14°C.

Извор: Weather4all.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот