X
 29.01.2015 Живот

Времето денес и прогноза за утре: Облачно со сончеви периоди...



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува и слаб југозападен ветер. Минималните температури од -5°C до 2°C, а максималните температури ќе достигнат до 2°C односно до 10°.

Во Скопје во утринските часови ќе има појава на магла, која ќе се задржи и претпладне, во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од -1°C степени, а максималната температура ќе достигне до 7°C.

Во петок претпладне ќе биде претежно облачно и ветровито. Попладне и во вечерните часови се очекуваат поинтензивни врнежи од дожд пропратени со силен јужен и југоисточен ветер а во западните предели засилен југозападен ветер. Ветерот понекаде ќе достне брзина и до 70 км/ч. Локално се очекува да наврнат и над 30 литри дожд.На планините над 1200 метри со врнежи од снег. Утринските температури ќе се движат од -2°C до 5°C, а максималните дневни ќе достигнат до 2°C односно до 10°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот