X
 20.09.2016 Живот

Времето во наредните 5 (пет) дена

Денес е вторник, 20 септември 2016 година, 264-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 06:14, а ќе зајде во 18:37 часот. Денот ќе трае 12 часа и 23 минути.

Умерено облачно и посвежо утро имаме денеска во нашата држава. Зголемена облачност имаме во југозападните како и во североисточните предели.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во раните утрински часови услови за слаби врнежи од дожд ќе има во крајните северни и североисточните предели. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време со пад на температурите. Попладне услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд ќе има во западните предели. Ќе дува доумерен засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели понекаде и западен ветер. Утринските температури од 8 до 15 степени, пак максималните дневни ќе се движат во интервал од 15 до 26 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе имаме умерено облачно време со повремени сончеви периоди, ветровито и посвежо време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 12 степени, а максималната дневна до 22 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви период и свежо време со температури кои ќе се движат од 15 до 26 степени. Во четврток претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста и температури од 14 до 25 степени. Во петок и сабота по студените утра со утрински температури од 2 до 10 степени, во текот на денот ќе биде претежно сончево и потопло со максимални температури кои во петок ќе се движат од 14 до 25 степени, а во сабота ов 17 до 28 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот