X
 07.02.2015 Образование

Студентски пленум: Прогласуваме автономна зона! Студентскиот фронт не е затворен!

По вчерашната ненадејна средба на која пленумци беа повикани од премиерот Груевски, Студентски пленум објави соопштеение кое го пренесуваме во целост:



Многу медиуми денеска чекаа на коментар од Студентскиот пленум за денешните настани и средбата со премиерот Груевски. По долги часови полемика и здрава расправа по денешната средба во Владата на РМ, пленумци се сложни во ставот дека очигледните аргументи на нашите соборници го убедија Премиерот во апсурдноста на сопствениот закон. Денеска тој попушти, но пленумци не се наивни.

Сосема е позната законската процедура: прв чекор кон укинување на закон е мораториум односно одложување на веќе донесениот. Првиот чекор ќе го сметаме за исполнет ако го видиме изгласан во собраниска процедура. Следниот е донесување на целосно нов закон. Нашата борба е студентите да бидат постојано и дирекно вклучени во неговото креирање како неодминлив и релевантен фактор. Ако тоа не се случи отвореноста и подготвеноста на нашата влада ќе бидат нелегитимни. Тие би биле обично ретерирање, одложување на револтот, страв... Во тој случај наша граѓанска должност останува бунтот.

Поучени од досегашната транспарентност и инклузивност, остануваме будни!

Прогласуваме автономна зона! Студентскиот фронт не е затворен!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование