X
 09.02.2015 Образование

Како размислува денешниот бруцош?

Изминатата недела, Истражувачкиот институт за високо образование при Универзитетот во Калифорнија го објави своето годишно истражување спроведено на бруцошите. Во него учествувале 153.015 бруцоши од 227 институции.


Доколку погледнеме во податоците ќе видиме дека 82% од денешните бруцоши мислат дека студирањето е само за работа, а 72% од нив мислат дека е само за поголема заработка.

Дали тоа значи дека студентите денес не се грижат за знаењето? Податоците покажуваат дека процентот на студенти кои сметаат дека целта на факултетот е да се добие генерално образование и признавање на идеи е повисок од оној во 1970-те.


Сите слушаме дека денешните студенти се позаинтересирани во областите како наука, технологија, инженерство и математика, а либералните уметности се застарени. Истражувањето покажува дека уметностите и општествените науки се помалку примамливи во последните неколку години.





Социјалните науки се попопуларни од порано, а се гледа голем пораст во областа на бизнисот во 1980-те, а потоа пад. Образованието покажува значаен пораст за време на 1990-те, но паѓа во последните 5-6 години. Зголемен е интересот во физичките и животни науки во последните 4 години.

Може да заклучиме што размислува денешниот бруцош: она што размислувал и бруцошот пред 40 години.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование