X
 08.03.2015 Култура

Што научивме изминатата недела: Шерифот во вештерски лов на бели мантили: Бег(ство) на лекарите

Накратко, изминатата недела научивме некои нови работи од областа на науката, слушнавме прекрасни македонски преработки на светски хитови и се насмеавме на некои дизајнерски грешки и коментари за бојата на фустанот. Но веста која ја означи неделата е поврзана со Студентскиот пленум, односно нивната порака до „Дневник“.



Шерифот во вештерски лов на бели мантили: Бег(ство) на лекарите

„Уште пред да започнам со пишувањето на оваа колумна разбирам дека со тоа си ја запечатувам својата можност да се вработам како иден доктор по медицина во Македонија. Колку сум наивен, сè уште имам надеж… “

Каква функција има панкреасот во човечкото тело?

Интересна ТЕД-Ед лекција од Ема Брајс која објаснува која е функцијата на панкреасот во човечкото тело.

Студентски пленум до „Дневник“: Насловната ви е крш!

„Студентскиот пленум е пресреќен што ниту еден негов активист не беше “решен од страна на полицијата”, како што вели насловната на Дневник. Им благодариме на “професионалните” новинари кои објавиле ваква брилијантна насловна и на тој начин ни укажаа колку сите ние сме привилегирани што сме здрави и живи!“

Светско, а наше! Миле Оникс со фантастични преработки на светските поп-рок хитови

Уникатно патување на Миле Оникс со фантастичните и иновативни преработки на најпознатите поп-рок хитови.

Уличниот агол кој го промени светот

Во Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина, на уличниот агол преку Латинскиот мост, може да се забележи банер на кој со големи бели букви пишува: „Уличниот агол кој го започна 20-от век“.

Што го прави еден човек да биде генијалец?

Генијалците имаат способност да го променат светот и животот на другите луѓе. Но, во што точно генијалецот се разликува од останатите луѓе?

Епска спогодба помеѓу еден студент и еден декан

Деван Данели е студент на Универзитетот во источен Кентаки. Изминатата недела, Деван не бил најсреќен кога сфатил дека треба да го исчисти дворот од снег за да стигне на предавање. Наместо тоа, го предизвикал деканот на универзитетот да дојде и да го исчисти снегот пред неговиот дом. Деканот одговорил на објавата.

Made in Macedonia! Прекрасна преработка на големиот светски хит на Пинк

Поздрав до најужниот град во Македонија, Гевгелија, родното место на Теодора (македонската Нина Симон) и Глигор Гошеви ("The G Notes"). Уживајте во нивната преработка на светскиот хит на Pink, Try it out.

Траги-комични потфрлувања на архитектите

И тие понекогаш грешат.

Тинејџерката која заработува 500 илјади долари годишно

Во американските тв серии и филмови за тинејџери често пати можеме да видиме како многу млади во Америка заработуваат пари како дадилки.

Дали може да одговорите на овие прашања наменети за вештачката интелигенција?

Со децении, Тјуринг тестот се користи како мерило со кое се мерат способностите на вештачката интелигенција. Но, сега тим на Фејсбук истражувачи развија сет на природни и логички прашања за кои мислат дека секоја добра вештачка интелигенција треба да биде способна да ги одговори.

Како изгледа храната во авионите низ светот?

Храната која ќе ја јадете додека летате со авион зависи од некои фактори. Тука е земјата во која се наоѓате, агенцијата со која патувате, но и вашите лични финансии.

Тест: Погоди ги сите хемиски елементи

Дали ги знаете хемиските елементи во периодниот систем? Сите? Сигурни сте?

Зошто ДА за родовите студии?

Родовите студии во Република Македонија, се изучуваат на УКИМ, од учебната 2008/09, но 5 години подоцна беа ставени во мирување, со образложеније во јавноста од МОН, дека премногу кадар, а малку работа за овој профил на дипломирани студенти, а немаше ниту 20 дипломирани студенти.

Најсмешните реакции во врска со прашањето за бојата на фустанот

Која е бојата на...? Кому му е грижа? Уживајте во сликите. Ние убаво се насмеавме. :)

Зошто Марлон Брандо го одбил добиениот оскар?

Човекот чии понуди ретко кој можеше да ги одбие, ја одби најпрестижната светска награда поради една многу благородна и во тој момент сосема неочекувана причина.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура