X
 14.03.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време не очекува на почетокот на наредната недела?



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, која што понекаде ќе услови и видливост помала од 100 метри. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло.

Во попладневните часови во западните и крајните источни предели со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ветерот ќе слабее, па ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели слаб североисточен ветер.

Утринските температури ќе се движат од -4°C до 4°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 5°C односно до 15°C.

Во Скопје во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб северозападен ветер. Утринската температура од 1°C, а максималната дневна до 12°C.

Во вториот ден од викендот ќе можеме да уживаме во претежно сончево и топло. време. Иако утрото ќе биде постудено со температури од -5°C до 3°C, во текот на денот температурите ќе се искачат до 7°C односно до 17°C .

Во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Минималните температури ќе се движат од -4°C до 4°C, а максималните ќе достигнат до 8°C односно до 18°C.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот