X
 16.03.2015 Живот

Времето во наредните денови



Во Македонија во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Зголемена облачност ќе има во крајните источни предели.

Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер. Минималните температури од -4 до 5 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 18 степени.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Слаб ветер. Утринската температура од 3 степени, а максималната дневна до 16 степени.

По сончевиот и топол понеделник, во вторник и среда ќе имаме зголемување на облачноста, па ќе преовладува претежно облачно време со повремени сончеви периоди. Минималните температури ќе се движат во интервал од -3 до 8 степени, а максималните ќе достигнат до 5 однодно до 16 степени.

Weater4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот