X
 27.03.2015 Живот

Викенд временска прогноза... Какво време не очекува на почетокот на наредната недела?



Нестабилното време ќе продолжи и во петок. Во текот на денот ќе биде претежно облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Врнежите ќе ги има во текот на целиот ден.

Локално се очекуваат да наврнат и до 20 литри дожд.
Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 11 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 7 односно до 16 степени.

Во Скопје во петок умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 9 степени, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени.

Нестабилното време проследено со врнежи од дожд ќе го имаме уште во сабота. Од недела следува постепено стабилизирање на временските услови.

Во недела ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Минималните температури ќе се движат од 1 до 8 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 13 степени.

Стабилно време ќе имаме и во понеделник. Ќе биде умерено облачно со сончеви периоди. Овие врнежи се очекуваат во северните предели, а треба да се напомене дека се работи за сосема слаби локални врнежи. Утринските температури од -2 доо 5 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 8 односно до 17 степени.

Во вторник во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло. Температури ќе бидат во пораст. Утринските ќе се движат од 0 до 7 степени, додека пак максималните температури ќе достигнат до 12 односно до 21 степен.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот