X
 02.05.2024 Живот

Психолог од „Јејл“: Најуспешните луѓе никогаш не ги користат овие токсични фрази

Како предавач на „Јејл“, Ема Сепала подучува стотици студенти годишно. Таа вели дека сите тие имаат извонредни квалитети, но само некои од нив живеат извонредни животи.

-Зошто? Само некои од нив имаат здрав однос со себе. Имено, повеќето луѓе имаат токсичен однос со себе. Тие се многу самокритични, што психологијата го категоризира како самоомраза - објаснила Сепала.

Според психологот, можеме да препознаеме омраза кон себе ако забележиме дека користиме пет токсични фрази во разговорите со себе, кои ги наведуваме подолу:

„Не сум доволно добар/а“


Според истражувањата, оваа фраза е деструктивна и нѐ прави анксиозни и депресивни.

„Никогаш нема да успеам во ова. Зошто да се мачам?“

- Ова не само што е деморализирачко, туку и научно е неточно. Мозокот е флексибилен и може да продолжи да се менува и да се развива во старост, феномен што невронаучниците го нарекуваат невропластичност. Можете да ја промените кариерата на 50 години, а можете да почнете да свирите пијано и на 80 години, да учите нови работи во секое време и, со вежбање, можете да бидете подобри во речиси сè - вели Сепала.

„Јас сум дефиниција за неуспех“

Ова е уште еден пример за деструктивно верување.

- Дури и ако не сте постигнале одредени цели во одредени области од вашиот живот, тоа не значи дека сте потфрлиле во сè. Ниту пак дека неизбежно ќе доживеете неуспех во иднина или дека вие самите сте неуспех - вели психологот.

„Не можам да верувам дека го направив тоа. Толку сум глупав/а“


Единствениот начин на кој некој учи, без разлика дали е гениј или бебе, е да си дозволи да се обидува и да прави грешки. Една студија покажала, на пример, дека грешките што ги прават учениците додека учат може да им помогнат да учат подобро. Според Сепала, истражувањето покажало дека луѓето не ве осудуваат толку строго како што мислите самите кога ќе направите непријатна грешка.

„Не сум толку добар/а како другите“

- Кога се споредувате со другите, лесно е да се чувствувате како да не се вклопувате. Тоа не е точно бидејќи секој е различен и единствен - вели психологот.

Извор: index.hr

Фото: Pexels

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот