X
 02.04.2015 Живот

Дали ја знаете целата приказна што ја носи етикетата?

Не секогаш етикетата може да ја раскаже цела приказна.

 

1

 

Дали некогаш сте размислувале за приказната која се крие позади облеката што ја купувате? Облеката што ја носите секој ден? Дури и облеката која бесрамно седи во нередот на вашиот плакар?


Време е за промена. Купување на фер размена им овозможува на работниците да добиваат соодветна плата како и безбедни работни услови. Фотографиите не` потсетуваат за тоа колку ужасно се работи во фабриките за облека низ светот.

 


Не секогаш етикетата може да ја раскаже цела приказна.

Дали некогаш сте размислувале за приказната која се крие позади облеката што ја купувате? Облеката што ја носите секој ден? Дури и облеката која бесрамно седи во нередот на вашиот плакар?

Време е за промена. Купување на фер размена им овозможува на работниците да добиваат соодветна плата како и безбедни работни услови. За да се привлече вниманието на светот за тоа како луѓето работат во небезбедни услови, овие неверојатни реклами раскажуваат приказни за луѓето кои ја создаваат облеката.

 

1

 

 100% памук. Направена во Сиера Леоне од Техан. Првите неколку пати кога се искашла, тој искашла крв, но тоа го сокри од семејството. Тие не можеа да си дозволат медицински третман, а тој не можете да ризикува да ја изгуби работата на плантажите за памук. Кога тој доживеа напад еден ден, сфати дека не може да биде игнориран. Дијагнозата беше труење од пестициди. Недостатокот на соодветна заштитна облека го остави со леукемија на возраст од 34 години. Тој има две ќерки. Едната од нив започнува на работа во фабриката следната година. Етикетата не ја раскажува целата приказна.

 

2

 

100% памук. Направена во Бангладеш од Џоја која го напушти училиштето на 12 годишна возраст за да им помогне на нејзините браќа и нејзината мајка која станала вдовица. Нејзиниот татко бил убиен во пожар во фабриката за памук кадешто работел. Таа работи во зградата преку улицата на изгорената фабрика - постојан потсетник за ризикот на којшто е изложена секој ден. Етикетата не ја раскажува целата приказна.

 

3

 

100% памук. Направена во Камбоџа од Бехнли, 9 годишно момче. Секој ден тој станува во 5 часот наутро за да оди во фабриката за облека. Темно е кога пристигнува и темно е кога си оди. Се облекува лесно затоа што е доста жешко во собата кадешто работи. Прашината во собата навлегува во неговиот нос и уста. Тој заработува помалку од долар, за еден ден кој го поминува во бавно гушење. Маската би ја чинела компанијата 10 центи. Етикетата не ја раскажува целата приказна.

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот