X
 03.04.2015 Уметност

"Лакуна" - бесплатна библиотека создадена од 50.000 книги

1

 

„Лакуна“ е еден вид на јавен храм за книги направен токму од 50.000 книги. Уметничката инсталација делува како бесплатна библиотека која ги поттикнува набљудувачите да го избираат и прелистуваат изборот на бесплатни книги, донирани од архивата на интернетот.


Неговиот дизајн е од „Flux“ фондацијата - непрофитна јавна уметничка организација.

 

2


„Lacuna“ е предвидено да биде изложена на 6 и 7 јуни, 2015 година. За разлика од другите библиотеки, ѕидовите се менуваат кога некој човек ќе тргне книга од полицата, такашто се менува самата структура со што се создава нова. Токму тука се создава магијата на празнината од книгата: празнината која станува одраз на заедницата која се поврзува со неа - станува приказна раскажана од многу индивидуалци кои чекорат во него и се запрепастени од чудата на пишаниот збор. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност