X
 08.05.2015 Живот

Времето денес и прогноза за викендот што следува



Во Македонија во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и малку посвежо со пад на температурите. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 7 до 16 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 19 односно до 29 степени.

Во Скопје во петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и посвежо. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 13 степени, а максималната дневна ќе достигне до 26 степени.

Пред нас е нестабилен викенд каде што главна карактеристика ке бидат врнежите од дожд и падот на температурите. Сабота претпладне умерено облачно, попладне со врнежи од дожд, а во недела врнежите ќе ги имаме во текот на целиот ден. Утринските температури од 8 до 17 степени, а дневните ќе достигнат до 11 односно до 23 степени.

Понеделник во утринските и претпладневните часови врнежите ќе престануваат, попладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди.

Умерено облачно со сончеви периоди ќе биде и во вторник, кога се очекува и пораст на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 15 до 25 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот