X
 22.07.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на неделата?



Во Македонија во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и многу топло. Во доцните попладневни и во вечерните часови во крајните западни и југозападни предели постојат услови за развој на нестабилност која може да услови слаби локални врнежи од дожд и грмотевици.Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер.

Утринските температури од 14 до 24 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 29 односно до 39 степени. УВ индексот ќе има вредност 9.

Во Скопје во среда ќе биде претежно сончево со локална облачност и многу топло. Ќе дува доумерен слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 21 степен, а максималната дневна ќе достигне до 37 степени. УВ индекс 9.

МАКЕДОНИЈА во наредните денови - Во четврток и петок ќе биде претежно сончево со локална облачност и многу топло. По попладневните и во вечерните часови услови за локални врнежи од дожд ќе има во северозападните, западните и југозападните предели. Се работи за сосема слаби врнежи. Максималните температури ќе се движаѕт од 28 до 39 степени.

Во сабота претежно сончево со локална облачност и многу топло. Во попладневните часови услови за слаби врнежи ќе има во северозападните и западните предели. Утринските температури од 12 до 24 степени, а максималните ќе достигнат до 29 односно до 39 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот