X
 11.05.2016 Живот

Прогноза за времето до крајот на неделата



Во Македонија претпладне ќе биде претежно сончево со локална облачност и топло, а во попладневните часови се очекува зголемување на облачноста и ќе преовладува умерено облачно време. Локално не се исклучува можноста за сосема слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели доумерен југозападен ветер. Утринските температури од 4 до 13 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 18 односно до 28 степени.

Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 11 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 25 степени.

Во Македонија во четврток умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со пообилни врнежи од дожд, особено во североисточните и источните предели каде се очекуваат да наврнат и над 20 литри. Максималните дневни температури од 18 до 27 степени. Во петок сончево и потопло со дневни температури од 20 до 29 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди, попладне во крајните западни и североисточни предели со услови за врнежи од дожд. Максималните температури од 18 до 27 степени. Во недела претпладне умерено облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со врнежи од дожд и температури кои ќе се движат од 18 до 27 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот