X
 23.07.2015 Култура

До 2030 година овој град ќе биде под вода

Кралството Тајланд е едно од најпознатите туристички места во Азија, а Бангкок е еден од најголемите градови во оваа земја. Иако има дури 14 милиони жители, наскоро градот може да исчезне, и тоа за помалку од 15 години.


Бангкок бил основан како рибарски град на брегот на реката Чао Праја. Некогаш, градот бил полн со канали, а дури и пазарите биле организирани на вода. Поради тоа некои го нарекувале Венеција од истокот. Меѓутоа, до средината на 19-от век биле затворени поголемиот дел од каналите за да се изградат повеќе куќи. Токму затоа, сега на градот му се заканува природна катастрофа.


Имено, градот тоне за дури 10 центиметри секоја година. Доколку продолжи да тоне со истата брзина, до 2030 година ќе биде подолу за дури метар и половина. Дури и тогаш, одреден дел од него ќе биде под вода, но и она што ќе остане ќе потоне целосно до 2100 година доколку не се преземе нешто.


Постојат решенија за спас на градот, како изградба на огромен ѕид за спречување на водата, а изградбата на истиот би чинела повеќе од 3 милијарди долари, што е приближно половина од моменталниот бруто-домашен производ на земјата.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура